
Во главна селекција на петтото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“ ќе има шест филма, 15 во краткометражна и 12 во студентска селекција.
Златко Велевски, кој годинава ги селектираше филмовите за фестивалот кој ќе се оддржи од 8-ми до 15 јул, рече дека годинава одлучиле да го прошират оддржувањето на фестивалот, па освен во Дојран филмовие ќе бидат прикажани во Гевгелија и Струмица.
-Годинава ми припадна честа да ги погледнам сите лица на медитеранот, што беа фокус на овој фестивал, изјави Велевски и додаде дека краткометражната и студентската селекција ќе бидат прикажани во Гевгеија и Струмица.
Во официјаната селекција, како што објасни приоритет е ставен на тоа да бидат опфатени сите страни на Медитеранот.
-Конкретно акцентот да биде на Балканот, од каде повеќе од половина од филмовите доаѓаат, меѓутоа исто така сакав да допрам и до најјужната, најзападната и најисточната точка која се нарекеува Медитеран и да допреме до сите култури кои живеат тука, изјави Велевски.