Со црвен тепих, гламурозни модни комбинации и бројни познати гости, во Македонскиот народен театар беше отворено 26. издание на Скопскиот филмски фестивал.

Годинашниот фестивал, кој се одржува од 4 до 9 ноември, се враќа со обновен концепт и силно меѓународно присуство. Меѓу специјалните гости е и српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, а во Скопје пристигнаа и бројни европски филмски автори.

На свеченото отворање за првпат беше доделена наградата „Златна Скополија“ за исклучителен придонес кон светската кинематографија. Нејзини први добитници се полската режисерка Малгоржата Шумовска и снимателот и режисер Михал Енглерт.

Фестивалот беше отворен со проекцијата на нивниот филм „Идиот(и)“, со Џони Флин и Ејми Лу Вуд во главните улоги. Проекциите ќе се одржуваат во Македонскиот народен театар и киното „Фросина“ во МКЦ, а програмата вклучува и средби со автори и мастерклас сесии.

The post 📷 ФИЛМСКАТА ЕЛИТА НА ЕДНО МЕСТО Отворен 26. Скопски филмски фестивал appeared first on plusinfo.mk.