
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обелодени нов скандал поврзан исто така со вода за пиење, но овој пат за примерок земен од Болницата за белодробни болести во Лешок. Како што кажа Филипче официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите ништо немаат преземено.
Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за тестирање на водата од примерок земен во болницата, покажува сериозно отстапување од дозволените параметри.

Фото: СДСМ
„Извештајот за тестирање на безбедноста на водата, е од примерок земен од Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Датум на завршување на испитувањето е 13 мај. Вкупен број на колиформни бактерии во 100 милилитри вода е 51. Примерок од чешма од болницата каде што се лекуваат луѓе. 51 колиформна бактерија на 100 милилитри вода. И пишува дека не соодветствува на квалитетот на вода која што е потребна за пиење. И ова е о болницата во Лешок, на крајот на мај, а никој не реагирал. Знаат ли овие луѓе што прават? Какво е ова менаџирање на институција?“, кажа Филипче.

Фото: СДСМ
На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека ваквата неодговорност на власта директно го загрозува здравјето на граѓаните и побара итна реакција од надлежните институции.