Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики.Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и пред сериозен предизвик од силите кои работат против демократијата и европската иднина на регионот.„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, истакна Филипче.Тој предупреди дека национализмот, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат како заеднички фронт против реформите и европските вредности.„Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе се здружуваат во своето спротивставување на реформите, демократијата и европската интеграција“, рече Филипче.Криминалните мрежи и ретроградните политички структури имаат заеднички интерес да го блокираат напредокот на државите од регионот.„Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, нагласи претседателот на СДСМ.Филипче посочи дека токму затоа е потребна нова форма на регионално поврзување на прогресивните сили преку „Скопската иницијатива“.„Повеќе од кога било, на нашиот регион му е потребна силна прогресивна коалиција – коалиција на социјалдемократски партии, прогресивни организации и поединци кои се подготвени да му се спротивстават на овој регрес“, порача тој.Претседателот на СДСМ нагласи дека предизвиците со кои се соочуваат државите од Западен Балкан се заеднички и бараат заеднички одговор.„Потребна ни е конкретна акција. Потребна ни е солидарност и меѓусебна поддршка. Потребни ни се заеднички стратегии, споделено знаење и координирани напори“, истакна Филипче.Тој порача дека прогресивните сили мора да покажат единство и одлучност во спротивставувањето на ретроградните политики во регионот.„За да ја победиме оваа ‘црна регионална коалиција’, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача Филипче.На крајот од своето обраќање, тој нагласи дека нема друга алтернатива освен меѓусебна поддршка и заедничко дејствување за зачувување на европскиот пат, демократијата и социјалната правда во регионот.Филипче: На „црната коалиција“ на Балканот ќе ѝ се спротивставиме со прогресивно единство
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики.Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и пред сериозен предизвик од силите кои работат против демок...
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики.Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и пред сериозен предизвик од силите кои работат против демократијата и европската иднина на регионот.„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, истакна Филипче.Тој предупреди дека национализмот, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат како заеднички фронт против реформите и европските вредности.„Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе се здружуваат во своето спротивставување на реформите, демократијата и европската интеграција“, рече Филипче.Криминалните мрежи и ретроградните политички структури имаат заеднички интерес да го блокираат напредокот на државите од регионот.„Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, нагласи претседателот на СДСМ.Филипче посочи дека токму затоа е потребна нова форма на регионално поврзување на прогресивните сили преку „Скопската иницијатива“.„Повеќе од кога било, на нашиот регион му е потребна силна прогресивна коалиција – коалиција на социјалдемократски партии, прогресивни организации и поединци кои се подготвени да му се спротивстават на овој регрес“, порача тој.Претседателот на СДСМ нагласи дека предизвиците со кои се соочуваат државите од Западен Балкан се заеднички и бараат заеднички одговор.„Потребна ни е конкретна акција. Потребна ни е солидарност и меѓусебна поддршка. Потребни ни се заеднички стратегии, споделено знаење и координирани напори“, истакна Филипче.Тој порача дека прогресивните сили мора да покажат единство и одлучност во спротивставувањето на ретроградните политики во регионот.„За да ја победиме оваа ‘црна регионална коалиција’, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача Филипче.На крајот од своето обраќање, тој нагласи дека нема друга алтернатива освен меѓусебна поддршка и заедничко дејствување за зачувување на европскиот пат, демократијата и социјалната правда во регионот.