Венко Филипче го прати талогот Андреј Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој се претставувал како амбасадор без да биде акредитиран и не ја кажува вистината за „мерцедесот“, нема срам и да шири лаги пред целата јавност, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„И Венко и Жерновски знаат дека матните зделки завршија со нивниот пад во 2024 година, и всушност тоа е што ги боли, што повеќе не може да крадат пари со луѓето на Александар Вучиќ со кои местеа милионски тендери. Вистинскиот страв е кај неговиот шеф Венко, кој е свесен дека остатоците во обвинителството и судството не може вечно да го спасуваат од криминалите како што имаа обид да го спасат за модуларната. И сега, кога кругот кој започна со нивниот пад од 2024 година, па се одразува во Србија кај Вучиќ, на кого му постилаа црвени килими и лудуваа до рани зори, со кого и пејачите омилени им се заеднички, се плашат од одговорноста која полека ги стигнува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

А затоа што слугуваа кому стигнат, за да си ги наполнат џебовите, затоа и тонат и се статистичка грешка и граѓаните бегаат од нив и по улица, се додава во соопштението.

The post ФИЛИПЧЕ ГО ИСПРАТИ ЖЕРНОВСКИ ДА КЛЕВЕТИ Двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува appeared first on plusinfo.mk.