
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека резултатите од референдумот што и овозможи на Словачка да се приклучи кон ЕУ можеби биле фалсификувани. Фицо, зборувајќи за референдумот, рече дека исходот можеби не бил регуларен.
„Одржавме референдум кој, да не беше наместен, немаше да биде успешен. Разликата беше толку мала што, според мое мислење, беа направени корекции за да се осигури исходот да биде каков што е потребен, Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, рече Фицо.
Дел од дискусијата на Фицо беше објавен на социјалните мрежи на партијата што ја предводи.
Од 10-те референдуми одржани во Словачка во текот на изминатите години, само еден беше успешен, и тоа оној за пристапувањето кон ЕУ во мај 2003 година, на кој излезноста на гласачите беше над 52 отсто.
Словачка се приклучи кон ЕУ во 2004 година.