Две млади охриѓанки биле спасени од езерската полиција откако поради силен ветер и големи бранови останале заглавени на Охридското Езеро и не можеле да се вратат на брегот.Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро. Било пријавено дека две лица, кои пловеле со СУП-даски на околу еден километар од брегот, спроти автокамп во Охрид, барале помош.Полициски службеници веднаш излегле на т