Европскиот суд на правдата ќе утврдува дали Италија ги прекршила европските правни правила, откако во март лани владата воведе нов сеопфатен закон со кој се постави строг лимит од две генерации за државјанство според потекло.

Ваква одлука донесе Уставниот суд на Италија по жалбите регионалните италијански судии, откако првично го потврди строгиот закон со кој италијанската дијаспора остана без правото да добие италијански пасош.

Откако лани италијанската Влада го воведе овој закон преку ноќ, на милиони потомци низ целиот свет, од кои многумина потрошиле илјадници долари за семејно истражување и правни трошоци, им беше блокиран патот до европски пасош.

Со судски пресврт оваа недела, како што објави Си-Ен-Ен, битката со високи влогови за поништување на контроверзното законодавство официјално се рестартира.

Првично, Уставниот суд на Италија го потврди строгиот закон, познат како L74/2025, оставајќи ги апликантите скршени бидејќи стотици тужби што ја оспоруваа забраната беа отфрлени.

По повторното испитување на законодавството, судот направи пресврт. Сега ги суспендираше најновите оспорувања на законот од регионалните италијански судии и официјално го упати случајот до Европскиот суд на правдата за да утврди дали Италија ги прекршила европските правни правила.

-Тоа е промена на насоката од 180 степени. Тоа е признание дека направиле грешка во март.“, изјави за Сии-Ен-ЕН  Марко Мелоне, еден од четворицата адвокати кои се бореа против законот на последното јунско рочиште.

Корадо Карузо, професор по право на Универзитетот во Болоња, кој исто така се залагаше пред судот, рече дека не го очекувал тоа, бидејќи побарале упатување на претходното рочиште, но судот го одбил.

-Значи, тоа е позитивен чекор бидејќи значи дека судот има одредени сомнежи. Мислам дека имаше промена на мислењето, изјави Корадо.