Европската комисија ќе предложи покренување постапка за прекумерен буџетски дефицит против Бугарија, откако било утврдено дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската Унија.Ова го потврди европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург.Според Домбровскис, Европската комисија ја анализирала буџетската состојба во повеќе земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните барања во однос на буџетскиот дефицит.Согласно правилата на Европската Унија, постапка за прекумерен дефицит може да биде отворена кога буџетскиот дефицит на една држава ќе надмине три проценти од бруто-домашниот производ, додека јавниот долг ќе ја надмине границата од 60 проценти од БДП.Во рамки на постапката, на земјата ѝ се определува рок во кој треба да преземе мерки за враќање на дефицитот во дозволените рамки.Предлогот на Европската комисија сега ќе биде разгледуван од земјите-членки на Европската Унија во понатамошната процедура.Доколку Бугарија не постапи согласно препораките на Брисел, можно е да се соочи и со финансиски санкции.Европската комисија бара постапка против Бугарија
Европската комисија ќе предложи покренување постапка за прекумерен буџетски дефицит против Бугарија, откако било утврдено дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската Унија.Ова го потврди европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург.Според Домбровскис, Европската комисија ја анализирала буџетската состојба во повеќе земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните барањ...
Европската комисија ќе предложи покренување постапка за прекумерен буџетски дефицит против Бугарија, откако било утврдено дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската Унија.Ова го потврди европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург.Според Домбровскис, Европската комисија ја анализирала буџетската состојба во повеќе земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните барања во однос на буџетскиот дефицит.Согласно правилата на Европската Унија, постапка за прекумерен дефицит може да биде отворена кога буџетскиот дефицит на една држава ќе надмине три проценти од бруто-домашниот производ, додека јавниот долг ќе ја надмине границата од 60 проценти од БДП.Во рамки на постапката, на земјата ѝ се определува рок во кој треба да преземе мерки за враќање на дефицитот во дозволените рамки.Предлогот на Европската комисија сега ќе биде разгледуван од земјите-членки на Европската Унија во понатамошната процедура.Доколку Бугарија не постапи согласно препораките на Брисел, можно е да се соочи и со финансиски санкции.