Европската Унија повторно ја разгледува можноста за укинување на повеќедецениската забрана за комерцијално производство на вино од шест американски сорти грозје – ноа, отело, изабела, жакез, клинтон и хербемон, кои пристигнале во Европа од Северна Америка во 19 век.Иницијативата ја покрена францускиот европратеник Ерик Сарџакомо, кој смета дека ограничувањата се застарени. Тој посочува дека е нелогично вината од овие сорти да можат да се увезуваат и консумираат во Европа, додека нивното производ