
Европската Унија одобри 140,5 милиони евра бесповратни средства за Босна и Херцеговина во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) за периодот од 2025 до 2027 година, соопшти во саботата Делегацијата на ЕУ во БиХ.
„Европската Унија останува најдоследен партнер на Босна и Херцеговина“, соопшти Делегацијата на ЕУ во Сараево, откако беше потврдено дека институциите на Унијата одобриле нова финансиска поддршка за таа земја.
Советот на министри на БиХ, а потоа и Претседателството на БиХ, претходно оваа година го ратификуваа договорот со Европската Унија.
Средствата се наменети за поддршка на Босна и Херцеговина во усогласувањето со правилата и стандардите на Европската Унија.