Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелските воени дејствија во Сирија и Либан имаат последици и за други држави во регионот, вклучително и за Турција.„Безбедноста на Турција не почнува во Хатај, туку во Алепо, Дамаск и Бејрут“, порача Ердоган, додавајќи дека Анкара нема да толерира „свршени чинови“ во земјите што ги смета за братски и нема да остане нем набљудувач на, како што рече, агресијата.Турскиот претседател го обвини Израел дека се води од „илузијата за Ветената земја“ и предупреди дека доколку не биде запрено „израелското разбојништво“, последиците ќе ги почувствува целиот регион и светот.На овие изјави реагираше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ и порача дека тој е „последната личност што може да ѝ држи морални лекции на Државата Израел“.Нетанјаху истакна дека Израел ќе продолжи „решително да дејствува против Иран и неговите сојузници“.Турција веќе подолг период е меѓу најгласните критичари на израелските воени операции во Газа, Иран и Либан. Ердоган претходно ја прекина трговската размена со Израел и ја повика меѓународната заедница да преземе построги мерки против израелската држава.Ердоган: Израелските потези во Сирија и Либан се закана и за Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелските воени дејствија во Сирија и Либан имаат последици и за други држави во регионот, вклучително и за Турција.„Безбедноста на Турција не почнува во Хатај, туку во Алепо, Дамаск и Бејрут“, порача Ердоган, додавајќи дека Анкара нема да толерира „свршени чинови“ во земјите што ги смета за братски и нема да остане нем набљудувач на, како што рече, агресијата.Турскиот претседател го обвини Израел дека се води од „илузијата за Ветената земја“...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелските воени дејствија во Сирија и Либан имаат последици и за други држави во регионот, вклучително и за Турција.„Безбедноста на Турција не почнува во Хатај, туку во Алепо, Дамаск и Бејрут“, порача Ердоган, додавајќи дека Анкара нема да толерира „свршени чинови“ во земјите што ги смета за братски и нема да остане нем набљудувач на, како што рече, агресијата.Турскиот претседател го обвини Израел дека се води од „илузијата за Ветената земја“ и предупреди дека доколку не биде запрено „израелското разбојништво“, последиците ќе ги почувствува целиот регион и светот.На овие изјави реагираше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ и порача дека тој е „последната личност што може да ѝ држи морални лекции на Државата Израел“.Нетанјаху истакна дека Израел ќе продолжи „решително да дејствува против Иран и неговите сојузници“.Турција веќе подолг период е меѓу најгласните критичари на израелските воени операции во Газа, Иран и Либан. Ердоган претходно ја прекина трговската размена со Израел и ја повика меѓународната заедница да преземе построги мерки против израелската држава.