
Авионите за гасење пожари се сервисрани, но моментално се во Загреб, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање на денешниот настан на отворање на реконструираната сала „Расадник“.
Тој рече дека сите три ер-трактори со кои располага Дирекцијата зазаштита и спасување се сервисирани, но дека во моментов се наоѓаат во Загреб, иако требало да полетаат кон Скопје уште вчера.
-Не знам дали денес ќе полетаат заради временските услови. Уште вчера беше информацијата дека се во Загреб и не можеле да полетаат заради временските прилики. Очекувам денеска да полетаат, бидејќи вчера не се пристигнати, изјави Мицкоски.
Премиерот напомена дека сервисирани се воените возила кои Владата ги пренамени за гасење пожари. Тој потсети дека е донесена забрана за движење низ шуми, а општините преку ЗЕЛС добиле инструкции да се проверат сите колективни постапувачи и депонии дали исполнуваат условите и ако не ги исполнуваат ќе бидат затворени.
-Имавме прилично дождлива пролет и имаме високи тревни површини, сега има висока температура и таа тревна површина ќе се суши и се подложни на ваков тип влијанија. Вчера имавме огнена стихија во Штип, но со организираност на доброволците и пожарникарите и граддоначалникот беше ставена под контрола за многу кратко време, изјави Мицкоски.
Е.Б.