
Продолжува трендот на намалување на бројот на пациенти кои побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, соопштија од Министерството за здравство.
Според податоците од здравствените установи, во текот на вчерашниот ден (28 јули 2026 година) биле евидентирани вкупно 71 новопрегледани пациенти, што претставува намалување во однос на претходниот ден.
Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се регистрирани 49 нови прегледи. Од нив, 29 пациенти биле прегледани на инфективното одделение, а 25 на педијатриското одделение. Во моментов, на инфективно одделение се хоспитализирани двајца пациенти, додека на одделението за педијатрија се лекуваат пет пациенти.
Во Здравствениот дом Гостивар, во дежурната служба, биле евидентирани 22 нови прегледи.
Текстот Епидемијата стивнува: Во Гостивар регистрирани само 71 новопрегледан пациент е превземен од А1он.