Новиот британски премиер Енди Бернам го претстави својот кабинет, назначувајќи го поранешниот министер за одбрана Џон Хили за министер за финансии. Хили, кој претходно ја напушти владата поради несогласувања околу финансирањето на одбраната, порача дека ќе работи на изградба на нова економија и подобар животен стандард за граѓаните.
Нов министер за надворешни работи е Ед Милибанд, кој ја презема функцијата од Ивет Купер. Милибанд изјави дека му претставува животна чест да ја води британската дипломатија и најави силна поддршка за демократијата, владеењето на правото и слободата. Шабана Махмуд останува министерка за внатрешни работи и најави продолжување на реформите во имиграцискиот систем и зајакнување на безбедноста.
Бернам вети дека неговата влада ќе преземе итни мерки за намалување на трошоците за живот. Тој најави дека до крајот на годината ќе претстави нов десетгодишен план за развој на Велика Британија. Премиерот рече дека земјата мора повторно да ја врати стабилноста и довербата на меѓународната сцена. Дополнително најави реформи во образованието, поголема поддршка за менталното здравје на младите и изградба на повеќе јавни станови. Според Бернам, целта на новата влада е да создаде посилна економија и подобри услови за живот за сите граѓани.
The post Енди Бернам го претстави новиот британски кабинет и најави економски реформи appeared first on Скопско ЕХО.