
Алта Банка Битола информира дека од денеска 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.
Согласно одлуката на Народната банка, воведени се привремени заштитни мерки, со кои за физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички на Банката.
„Нагласуваме дека преземените мерки имаат превентивен карактер и се насочени кон заштита на средствата и интересите на клиентите. За сите дополнителни информации и промени навремено ќе ве известуваме преку нашите официјални канали“, стои во соопштението на Банката.
Управувањето со Алта банка АД Битола привремено го презема Народната банка на Македонија. Гувернерот Трајко Славески информира дека Извршниот одбор на Народна банка донел одлука за воведување на администрација во Алта банка.
На сила стапуваат и ограничувања за плаќањата од сметките на клиентите на банката, а определен е и неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица до 10.000 денари.
Славески информира дека до крајот на завчерашниот ден, од Алта банка АД Битола биле повлечени околу два милиони евра, поради што платежните картички биле привремено блокирани. Мобилното и електронско банкарство, пак, ќе биде повторно достапно за неколку дена.