Нема повредени лица откако се запалил бојлер во тоалет на стан во скопската општина Аеродром , а потоа предизвикал и експлозија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска во 4.50 часот.

По пријавата, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и извршиле увид.

Засега нема информации за причините поради кои дошло до опожарувањето и експлозијата, ниту за евентуална материјална штета.

The post ЕКСПЛОДИРАЛ БОЈЛЕР ВО СТАН ВО АЕРОДРОМ, ЗА СРЕЌА НЕМА ПОВРЕДЕНИ Инцидентот бил пријавен рано утринава appeared first on plusinfo.mk.