Поранешниот директор на Македонската радио телевизија (МРТ) Марјан Цветковски е избран за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“.

Фондацијата формирана од Град Скопје ќе раководи со сите активности поврзани со спроведувањето на манифестацијата, како и со финансиите кои се наменети за овој проект.

Цветковски беше на функцијата директор на МРТ цели 15 години, од 2012 до април годинава, во три мандати.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска од Советот на Град Скопје рече дека Цветковски го познава долги години и смета дека е човек со сериозно искуство. Тој е убеден дека Цветковски ќе даде одлични резултати.