Општина Карпош продолжува со активностите на терен за расчистување и санација на последиците од силното невреме што неодамна го зафати Скопје.

Од локалната самоуправа информираат дека Карпош е меѓу најпогодените скопски општини, со голем број материјални штети, но дека сите надлежни служби се максимално ангажирани за што побрзо нормализирање на состојбата.

„Карпош е една од најпогодените општини, со голем број материјални штети, но со добра координација, ангажман и посветена работа на сите служби, правиме максимални напори што е можно побрзо да го ослободиме јавниот простор од паднати дрвја, оштетени кровови и други последици од невремето“, соопштија од Општина Карпош.

Екипите продолжуваат со отстранување на паднати стебла, расчистување на јавните површини и санација на оштетувањата предизвикани од силниот ветер и невремето.

Од Општина Карпош нагласуваат дека главен приоритет останува безбедноста на граѓаните и што побрзо враќање на нормалното функционирање на јавниот простор.

Локалната самоуправа упати благодарност до жителите на Карпош за трпението, разбирањето и соработката додека трае процесот на расчистување и обновување на оштетените подрачја.

The post Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето appeared first on Скопско ЕХО.