Едно лице загина, а осум други беа ранети синоќа при масовно пукање пред стадионот „Леџион филд“ во Бирмингем, Алабама, соопшти денеска полицијата во Бирмингем.

Полицијата наведе дека биле испукани повеќе истрели нешто по 19:50 часот, пренесува ABC.

Шефот на полицијата, Мајкл Пикет, изјави дека едно лице е во критична состојба, додека останатите седуммина повредени се во стабилна состојба.

Текстот Едно лице загина, осум се повредени во масовно пукање во Алабама е превземен од А1он.