
Американските власти им дозволија влез во САД на членовите на фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго, кои ќе настапат на претстојното Светско првенство, јавуваат светските агенции.
Репрезентацијата на ДР Конго на крајот од мај ги прекинала подготовките во Киншаса поради епидемијата на вирусот ебола во земјата, по што подготовките ги продолжила во Европа.
Фудбалерите и стручниот штаб морале да поминат 21-дневен карантин надвор од територијата на ДР Конго, како услов за добивање дозвола за влез во САД.
Репрезентацијата пристигна во Хјустон, каде на 17 јуни ќе го одигра првиот натпревар против Португалија. Во групната фаза следуваат дуелите со Узбекистан и Колумбија.
The post ЕБОЛАТА ГИ СТАВИ ВО 21-ДНЕВЕН КАРАНТИН Репрезентацијата на Конго доби зелено светло за влез во САД appeared first on plusinfo.mk.