Доминацијата на САД и Европа е завршена, иако тие сè уште не се свесни за тоа, изјави американскиот економист Џефри Сакс за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

„Во поширока смисла, доминацијата на САД и Европа, која ефикасно траеше два века, е завршена“, рече Сакс, зборувајќи онлајн од Њујорк.

Според Сакс, главниот проблем е што САД и Европа сè уште не го разбираат ова и затоа водат „последни битки“ во обид да ја заштитат својата веќе непостоечка хегемонија.

Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург се одржува од 3 до 6 јуни и ги собира државниците, бизнисмените и претставниците на меѓународните организации од голем број земји од целиот свет.

Текстот Џефри Сакс: Завршена е доминацијата на САД и Европа – тие сè уште не се свесни за тоа е превземен од А1он.