Две ракети погодиле дел од стратешки важниот остров Кешм во јужен Иран, јавуваат иранските медиуми, повикувајќи се на првични информации. Засега нема официјални податоци за евентуалните последици и причинетата штета.Новинската агенција „Тасним“ објави дека повеќе детали ќе бидат соопштени откако надлежните институции ќе го потврдат инцидентот. Претходно, државната агенција ИРНА, повикувајќи се на локални очевидци, извести дека два проектила погодиле област во близина на населбата Суз на островот