
Две училишта пријавиле штети во Министерството за образование и наука од невремето кое во вторникот го зафати Скопје и повеќе градови во земјата.
Од Министерството за „Локално“ изјавија дека станува збор за основни училишта и дека тие се осигурени, и дека по направената проценка од осигурителните куќи ќе им биде надоместена штетата.
-Две училишта го известија МОН за причинети штети од невремето, тоа се основното училиште Тихомир Милошевски од општина Ѓорче Петров и основното училиште Александар Урдаревки во општина Чучер Сандево. Училишните објекти се осигурени и штетите ќе бидат надоместени, повеќе детали имаат општините каде се наожаат овие ушилишта, изјавија од Министерството за образование.
Во невремето што го зафати Скопје, кога за дваесетина минути имаше силен пороен дожд и дуваше ветер од 130 километри на час, според Министерството за внатрешни работи на подрачјето на Скопје се евидентирани 103 оштетени патнички моторни возила, 30 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица.
-Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство, изјавија од МВР.
E.Б.