Две лица загинаа, а најмалку петмина се повредени во вооружен напад што се случи на фестивалот на храна „Bite of Seattle“ во американскиот град Сиетл, објави Би-Би-Си. Меѓу повредените е и двегодишно дете, кое според лекарите е во стабилна состојба, додека една 56-годишна жена е тешко повредена.

Пукањето се случило за време на фестивалот што секоја година привлекува стотици илјади посетители, предизвикувајќи паника меѓу присутните. Очевидци изјавиле дека прво помислиле дека станува збор за огномет, но веднаш потоа луѓето почнале масовно да бегаат и да бараат засолниште. Голем број полицајци и екипи на итната медицинска помош интервенирале на местото на настанот, а болницата „Харборвју“ вовела делумна блокада од безбедносни причини.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и засега не објавува информации за можните осомничени. Поради инцидентот, до понеделник наутро беше прекинат и сообраќајот на монореилската линија што минува низ комплексот „Seattle Center“. Властите ги повикаа граѓаните да го избегнуваат подрачјето додека трае увидот и истрагата за нападот.

The post Две лица загинаа, петмина се повредени во пукање на фестивал во Сиетл appeared first on Скопско ЕХО.