Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика, а во следните месеци се очекува пуштање во сообраќај на најкомплицираните 10 километри од трасата, информира министерот за транспорт Александар Николоски.Тој во објава посочи дека интензивно се работи на изградбата на галериите, при што две од нив се целосно завршени, додека на третата се работи со забрзано темпо.Според Николоски, изградбата на галериите е најдобро решение за стабилизација на земјиштето, а досегашните акти