Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, изјави дека на началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП), М. К., и на началникот на Службата за сузбивање криминал, Б. С., им е одреден притвор до 48 часа поради сомнение за злоупотреба на службената положба.Стефановиќ на прес-конференција повтори дека Вишото јавно обвинителство во Белград и сите негови јавни обвинители постапуваат исклучиво во согласност со Уставот и законите на Република Србија.