
На двајца жители на Велес, на возраст од 36 и 26 години, им биле ставени лисици на рацете откако полицијата кај нив пронашла марихуана, таблети и дигитална вага. Станува збор за Д.Т. (36) и Ј.А. (26), кои биле лишени од слобода на 6 ноември, околу 22:30 часот, во Велес.
„Полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Т.(36) и Ј.А.(26), двајцата од Велес, откако во нивна близина биле пронајдени и одземени марихуана, таблети и дигитална вага, кои претходно еден од нив ги оставил“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Следниот ден, по добиена судска наредба од Основниот суд во Велес, полициските службеници извршиле претрес во домот на 36-годишниот Д.Т. При претресот биле пронајдени и одземени пари, соопшти МВР.
Двете лица биле задржани во полициска станица, а за случајот бил известен и надлежниот јавен обвинител. Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.