Двајца мажи се лишени од слобода во липковско откако полицијата затекнала товарни возила натоварени со нежигосани огревни дрва без соодветна документација.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни околу 17:30 часот во селото Руница, општина Липково, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги привеле Ф.Ќ. (46) од кумановското село Лопате и Р.А. (51) од селото Слупчане.При редовна патролна контрола биле запрени товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ., како и товарно возило „фиат дукато“ без регистарски таблички, управувано од Р.А.При проверката било утврдено дека двете возила превезувале нежигосани огревни дрва без потребната документација за потекло и транспорт.Дрвната маса е предадена на Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Куманово, а по целосното расчистување и документирање на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.Двајца дрвокрадци фатени во липковско, запленети огревни дрва без документација
Двајца мажи се лишени од слобода во липковско откако полицијата затекнала товарни возила натоварени со нежигосани огревни дрва без соодветна документација.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни околу 17:30 часот во селото Руница, општина Липково, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги привеле Ф.Ќ. (46) од кумановското село Лопате и Р.А. (51) од селото Слупчане.При редовна патролна контрола биле...
Двајца мажи се лишени од слобода во липковско откако полицијата затекнала товарни возила натоварени со нежигосани огревни дрва без соодветна документација.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни околу 17:30 часот во селото Руница, општина Липково, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги привеле Ф.Ќ. (46) од кумановското село Лопате и Р.А. (51) од селото Слупчане.При редовна патролна контрола биле запрени товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ., како и товарно возило „фиат дукато“ без регистарски таблички, управувано од Р.А.При проверката било утврдено дека двете возила превезувале нежигосани огревни дрва без потребната документација за потекло и транспорт.Дрвната маса е предадена на Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Куманово, а по целосното расчистување и документирање на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.