Два одделни инцидента се случиле во приближно исто време во непосредна близина на Белата куќа. Во едниот, автомобил удрил во заштитна бариера во паркот Лафајет, по што возачот влегол во конфликт со припадници на Тајната служба и Националната гарда, додека во другиот инцидент маж се обидел да ја прескокне оградата на Белата куќа.Поради инцидентите, безбедноста околу претседателската резиденција накратко била засилена, а две лица биле приведени, јавува дописникот на „Њузмакс Балканс“ од Вашингтон.