Американскиот претседател Доналд Трамп бил прегледан од дури 22 медицински специјалисти за време на неговиот последен систематски преглед, покажува најновиот медицински извештај на Белата куќа.Според анализата на „Вашингтон пост“, ова е најголем број лекари специјалисти кои учествувале во проценка на здравствената состојба на еден американски претседател во рамки на една посета.Белата куќа соопшти дека ваквиот пристап бил дел од „сеопфатна и превентивна проценка“ на здравствената состојба на претседателот.Личниот лекар на Трамп, Шон Барбабела, навел дека прегледот покажал оти претседателот е во „одлично здравје“.„Учеството на повеќе специјалисти е дел од мултидисциплинарна проценка која е во согласност со најдобрите медицински практики за лица на највисоки државни функции“, соопшти Белата куќа.Податоците покажуваат значителен раст на бројот на лекари вклучени во претседателските прегледи низ годините. Во 1989 година, првиот систематски преглед на тогашниот претседател Џорџ Х. В. Буш го извршиле петмина специјалисти. Неговиот син Џорџ В. Буш бил прегледан од 12 специјалисти во 2001 година.За време на првиот мандат на Трамп, во 2018 година биле ангажирани 13 специјалисти, во 2019 година 11, а лани 14 лекари.Рекордниот број специјалисти предизвика прашања кај дел од медицинската јавност.„Тоа е исклучително голем број. Прашањето е кои специјалности ги претставуваат и зошто биле потребни толку многу лекари“, изјави кардиологот Џонатан Рајнер, поранешен лекар на некогашниот потпретседател на САД, Дик Чејни.Зголемениот интерес за здравствената состојба на Трамп доаѓа во период кога во САД се води поширока дебата за возраста и способноста на највисоките државни функционери. Трамп денеска полни 80 години, додека неговиот претходник Џо Бајден ја напушти функцијата на 82-годишна возраст.Белата куќа нагласува дека нема што да крие во врска со здравјето на претседателот и дека проценката ја извршиле лекари од реномирани американски медицински институции.