Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение обвини дека формирањето на Стручната комисија за разгледување на случаите на пациенти со малигни заболувања на Универзитетската клиника за хематологија, без лекар Албанец во нејзиниот состав, претставува продолжување на, како што наведуваат, политиката на институционално исклучување на Албанците.Од партијата оценуваат дека ова не е изолиран случај, туку дел од, според нив, двегодишен процес на систематско отстранување на Албанците од пози