Во напад со дрон во источниот украински регион Доњецк, во делот што е под контрола на Русија, загинаа седум лица, а 11 се ранети, објави прорускиот регионален лидер.

Рускиот Државен истражен комитет отвори кривична истрага во категоријата „терористички напад“, извести новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на портпаролката на комитетот, Светлана Петренко.

Фото: Принтскрин/Х

Русија во вторникот изведе масовен напад со дронови и ракети врз Киев, за кој Москва тврди дека бил одговор на смртоносниот напад врз студентски дом во Луганск, кој е под руска контрола. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека во текот на вечерта руските сили би можеле повторно да започнат голем напад врз Украина, потсетува Ројтерс.

Руските лидери ноќеска исто така објавија дека над Ленинградската област биле соборени 50 дронови, како и најмалку 20 кои летале во правец кон Москва