Сопружници кои се наоѓаат во бракоразводна постапка меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад по инцидент што се случил во станбена зграда во Скопје.

Од СВР Скопје информираат дека на 27 јули 2026 година во 00:15 часот, 25-годишен маж од Крива Паланка пријавил дека претходната вечер, околу 21:00 часот, во станбена зграда во Скопје бил физички нападнат од неговата 31-годишна сопруга од Штип, со која е во бракоразводна постапка.

Неколку часа подоцна, во 02:30 часот, и 31-годишната жена поднела пријава во полиција, тврдејќи дека истиот ден, околу 21:00 часот, во истата станбена зграда во Скопје била физички нападната од нејзиниот 25-годишен сопруг.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

The post ДРАМА СРЕДЕ БРАКОРАЗВОДНА ПОСТАПКА Мажот ја пријавил сопругата дека го тепала, а таа го тврди обратното appeared first on plusinfo.mk.