
Драма на кејот во Скопје: Перо Камиказа заврши со потрес на мозок и четири конци на главата – „Лежев на асфалтот со лицето свртено кон небото“
Фронтменот на легендарната рок-група „Меморија“, Петар Георгиевски – Перо Камиказа, доживеа сериозна незгода додека возел велосипед на кејот на Вардар. Музичарот, кој со години е познат и како страствен маратонец и рекреативен велосипедист, откри дека по судирот завршил со потрес на мозокот, четири конци на главата и повеќе нагмеченици, а несреќата можела да има и многу потешки последици.
