
Скопјанка вчера пријавила во полиција дека била изложена на агресивно однесување од доставувач на мотоцикл додека возела низ населбата Центар.
Според нејзината пријава, мотоциклистот најпрво агресивно се однесувал, а потоа почнал да ја следи. Кога застанала на семафор, се обидел да ја отвори возачката врата, а откако не успеал, го оштетил нејзиното возило.
Полицијата презема мерки за идентификување на сторителот и расчистување на случајот.
The post ДОСТАВУВАЧ НА ХРАНА ЈА БРКАЛ НИЗ ЦЕНТАР!? Возачка пријавила агресивен моторџија appeared first on plusinfo.mk.