
Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, изјави денеска дека е уверен оти во следните две години нема да се промени сегашниот однос на американската администрација кон БиХ, и покрај поразот на републиканците на изборите за Конгресот одржани претходно оваа недела.
Додик тоа го изјави во Бања Лука, во интервју за јавниот сервис РТРС, по враќањето од Флорида, каде што учествуваше на собирот на движењето МAГА организиран на имотот на Доналд Трамп. Рече дека добил покана за тоа собирање, а појасни дека станувало збор за собир на кој се утврдувала стратегијата за тоа како да се обезбеди победа на републиканците на претседателските избори во 2028 година.
Притоа тврди дека лично бил исклучително популарен меѓу учесниците, но не спомена ниту едно име, освен што понуди заедничка фотографија со една од пратеничките на AfD во Бундестагот. „Не можев да минам бидејќи толку многу луѓе ме запираа“, рече Додик, додавајќи дека станува збор за лица „кои држат до христијанството“.
Притоа изнесе теза дека Србите денеска се во првите редови на борбата на христијанството против исламот и дека затоа треба да се зајакнува РС како инструмент на таа борба. „Добивме видливост по децении сатанизирање во кој нѐ туркаа нашите непријатели, муслиманите од Сараево“, рече Додик. Додаде дека таму објаснувал оти Србите „по грешка на Клинтоновата администрација се турнати во БиХ што никој не ја сака“.
Посјету Сједињеним Америчким Државама завршио сам увјерен да смо направили важан корак у јачању разумијевања и отварању нових могућности за Републику Српску.
У Мар-а-Лагу, на конференцији МАГА покрета, разговарао сам са сенаторима, бизнисменима и утицајним људима из америчке администрације. Говорио сам им о стварној ситуацији у Српској, нашим ставовима и развојним потенцијалима. Њихово интересовање и питања потврђују колико је важно да се наш глас чује непосредно.
Учесницима конференције обратили су се и предсједник Сједињених Америчких Држава Доналд Трамп и државни секретар Марко Рубио, као и новопостављени шеф Кабинета предсједника Трампа, Стивен Милер, што је овом скупу дало посебан значај.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) November 7, 2026
На прашањето дали исходот од изборите за Конгресот ќе влијае врз односите што властите на РС ги воспоставија со сегашната американска администрација, вложувајќи притоа милиони долари за лобирање, Додик одговори дека верува оти превласта на демократите во Претставничкиот дом и во Сенатот нема да има битни последици за БиХ, односно за врските што ги воспостави РС.
„Тоа што некој друг ќе покренува иницијативи не е безначајна работа. Тоа им се случило на сите досегашни претседатели на САД“, рече тој, додавајќи дека очекува покренување различни иницијативи во Претставничкиот дом и дека треба да се почека и да се види.
Уверен е дека политиката на Вашингтон кон Канцеларијата на високиот претставник (OHR) ќе остане иста, со што сугерираше дека треба да се очекува слабеење на улогата на OHR во следните две години. Најави дека следната недела ќе започне постапката за воспоставување власт во РС преку формирање на ентитетскиот парламент.
Уверен е и дека околу својата партија ќе собере две третини пратеници потребни за промена на ентитетскиот устав. За власта на ниво на државата БиХ рече дека за неа не е посебно заинтересиран, појаснувајќи дека единствена цел му е да го блокира носењето одлуки штетни за РС.
Рече и дека новата власт во РС ќе се обиде да одржи добри односи со Србија, иако во таа земја на парламентарните избори победи студентската листа, додека Додик отворено го поддржуваше Александар Вучиќ.
„Мораме до последниот ден да имаме добри односи со властите на Србија, со целосно уважување на фактот дека некој нов победил. Српскиот народ кажа дека тоа сега е студентската листа. Кога ќе дојде време, ќе седнеме и ќе видиме каков однос ќе имаме“, рече Додик.