Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) изрази загриженост поради измените во програмата за сеопфатно сексуално образование, оценувајќи дека во процесот на донесување одлуки недоволно се слушаат мислењата и потребите на младите.Од Советот посочуваат дека програмата, првично замислена како изборен предмет за средношколците, била ревидирана и преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, при што биле отстранети или изменети делови што се однесуваат на родот, контрацепцијата и сексуал