
Владата преговара со десетици заинтересирани компании за изградаба на дата центри за вештачка интелигенција, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
– Имаме десетици заинтересирани компании секако разговараме и преговараме за локации кои нема да имаат никакво влијание врз ѓивотната средина, изјави Мицкоски.
Организацијата на граѓани и активисти „Зелен хуман град“ пред две недели реагираа по најавата од Владата дека се подготвуваат измени на законите за градење и за урбанистичко планирање за да се привлечат големи технолошки компании да инвестираа во Дата центри за ВИ во Македонија дека се едни од најразорните со катастрофални последици врз животната средина и локалното население.
Според организацијата, Дата центрите трошат енормни количини електрична енергија, а најновите центри може да користат енергија колку десетици илјади домаќинства.
-Најголемите објекти што се градат денес се очекува да трошат и до дваесет пати повеќе, а досегашната пракса со нивното работење покажала дека ова дополнително трошење на електрична енергија не го плаќаат инвеститорите туку се распределува на локалното населени, реагираа тогаш од „Зелен хуман град“.
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, вчера побара од Собранието да ги тргне од дневен ред предложените измени на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. Тој рече дека јавноста не располага со доволно информации за проектите, нивните инвеститори, енергетските потреби и економските ефекти, поради што не смее да се носат законски решенија без широка јавна дебата.
Е.Б.