Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи својата 37. седница, на која една од главните точки на дневниот ред ќе биде изборот на заменик-претседател на Комисијата.

Покрај оваа одлука, членовите на ДКСК ќе разгледуваат повеќе предмети што се во нивна надлежност, како и други прашања и предлози поврзани со работата на институцијата.

На дневниот ред се и предмети поднесени од укажувачи, по кои Комисијата ќе постапува согласно своите законски надлежности.

The post ДКСК денеска избира нов заменик-претседател appeared first on Прва Скопска ТВ.