Сите дивоградби, без разлика дали се наоѓаат во Охрид или во кој било друг дел од Македонија, треба да бидат отстранети во согласност со законските процедури, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, коментирајќи ја одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.Тој нагласи дека секој случај мора да се разгледува поединечно, бидејќи надлежностите за постапување се поделени меѓу централната и локалната власт.„Ако мене ме прашувате како министер и како член на Владата, а верув