Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по одлуката на УНЕСКО смета дека секоја дивоградба, не само оние во Охрид, треба да биде законски и соодветно отстранета.

– Тука има конкретни предмети што треба еден по еден да се решаваат и ова се прашања кои како надлежност до некоја мера се споделени и помеѓу централната и локалната власт. Ако мене ме прашувате како министер и како член на Владата, а верувам дека тоа е став на сите членови на Владата, кога е во прашање дивоградба каде било, не само во Охрид, таа треба да биде отстранета. И тоа треба да биде направено на соодветен и на законски начин, рече Муцунски, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе се отстрануваат дивоградбите во Охрид.

Тој го нагласи рокот од пет години кој е можност за да се отстранат дел од овие состојби поврзани со урбанистичкото планирање, но додаде дека Статусот на УНЕСКО треба да оди паралелно со туристичкиот, економскиот и социјалниот развој на целиот тој регион.

The post Дивоградбите и во Охрид и на други места треба да се рушат, кажа Муцунски appeared first on Скопско ЕХО.