МВР информира дека вчера попладне во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(61) и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(38) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Текстот Дипломатско возило се судри со мотоцикл – повреден е 38 годишен скопјанец е превземен од А1он.