Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вчеравечер на емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма изјави дека нема причина за загриженост во однос на нивото на јавниот долг, нагласувајќи дека клучно прашање е намената на задолжувањето и ефектите што тие средства ги создаваат врз економијата и посочи дека секое задолжување треба да се разгледува низ призмата на инвестициите што се финансираат со тие средства, споредувајќи го процесот со земање кредит од банка, при што најважно е дали инвестицијата е оправдана и носи резултати.

„Ако погледнеме во изминатиот период процентот на БДП јасно кажува дека растот којшто сме го планирале го остваруваме сето тоа е резултат на тие нови задолжувања“, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска

Министерката оцени дека во изминатиот период успешно се менаџирани и економскиот раст и движењето на јавниот долг, кој, според неа, останува под контрола и е под нивото од 60 проценти од БДП.