
Вчера (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од с.Брест, скопско.
При претресот пронајдена е поголема количина кокаин.
С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од видеото што го објави МВР може да се види дека кокаинот е пронајден под бебешко кадифено мече и седиште од бебешка количка.