Дигиталната трансформација, иновациите и информатичко-комуникациските технологии треба да добијат многу позначајно место во економската соработка меѓу Македонија и Грција, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Бизнис форумот на ИКТ компании што се одржа во Скопје.Обраќајќи се пред претставници на компаниите и стопанските организации од двете земји, Муцунски истакна дека форумот претставува важен чекор кон градење нов модел на партнерство заснован на економски развој, иновации и конкурентност.Тој нагласи дека интегрирањето на надворешната трговија во ресорот на Министерството не е само административна промена, туку јасна политичка порака дека дипломатијата треба да придонесува за поголема трговија, нови инвестиции и отворање пазари за домашните компании.Според министерот, македонскиот ИКТ сектор е еден од најуспешните сегменти на економијата, со придонес од речиси пет проценти во бруто-домашниот производ и годишни приходи од околу 1,65 милијарди евра.„Ова не е само економска статистика. Тоа е можност младите луѓе да останат во земјата, да привлечеме нови инвестиции и да ја позиционираме Македонија како регионален центар за дигитални услуги и иновации“, истакна Муцунски.Тој оцени дека следната фаза од економската соработка со Грција треба да биде насочена кон иднината, при што, покрај енергетиката, инфраструктурата и трговијата, посебен акцент треба да се стави на дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, финтек-решенијата и стартап-екосистемот.Муцунски порача и дека европската интеграција не е само политички процес, туку и економска трансформација која носи подобри стандарди, посилни институции и поголеми можности за компаниите.На крајот, тој потенцираше дека вистинската економска вредност ја создаваат компаниите, претприемачите, инженерите и иноваторите, додека улогата на институциите е да обезбедат стабилна рамка и услови за нивен развој.
Најново
Македонија
Локално
Балкан
Свет
Образование
Економија
Берза
Претприемништво
Инвестиции
Фудбал
Ракомет
Авто-мото
Софтвер
Стартапи
Сајбер безбедност
Авто-мото
Интима
„Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција“, вели Муцунски
Дигиталната трансформација, иновациите и информатичко-комуникациските технологии треба да добијат многу позначајно место во економската соработка меѓу Македонија и Грција, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Бизнис форумот на ИКТ компании што се одржа во Скопје.Обраќајќи се пред претставници на компаниите и стопанските организации од двете земји, Муцунски истакна дека форумот претставува важен чекор кон градење нов модел на партнерство заснован на еконо...