
Десет лица загинаа во руски напад врз товарен брод што превезувал жито во близина на Одеса. Бродот пловел под знамето на Гвинеја-Бисао и бил погоден од ракети, соопшти Украинската управа за морски пристаништа.
Украинските власти го сметаат нападот врз цивилен брод за воено злосторство. Пребарувањето и спасувањето траеле цела ноќ, а пожарот на бродот бил ставен под контрола. Осум члена на екипажот биле спасени и транспортирани на брегот.
„За жал, десет лица загинаа, вклучувајќи го и пилотот од Украинската управа за морски пристаништа“, се вели во соопштението Украинската поморска управа.
Погодениот брод испловил од украинското пристаниште на 19 јули натоварен со пченка. Екипажот се состоел од 17 државјани на Сирија и Индија. Со нив на бродот бил и украински пилот од подружницата на Управата за морски пристаништа, кој е меѓу загинатите.
The post ДЕСЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД ВРЗ ТОВАРЕН БРОД Пловел под знаме на Гвинеја-Бисао и превезувал пченка appeared first on plusinfo.mk.