Жител на населбата Ново Лисиче повторно реагира за состојбата со преполните контејнери и натрупаниот отпад во близина на неговото живеалиште, откако, како што тврди, и по неколку дена од првата објава проблемот сè уште не е решен.Пред пет дена тој преку социјалните мрежи упати критика до надлежните институции, посочувајќи дека покрај преполните контејнери се создаваат купови ѓубре.„Поздрав до градоначалниците на Општина Аеродром и Град Скопје. Депонијата, џунглата и сламата кога ќе бидат средени? Само што не дошле: глувци, диносаурси и говеда“, напиша жителот во својата објава.Денеска тој повторно се огласи, наведувајќи дека состојбата останала непроменета и покрај неговата претходна реакција.„По неколку дена од објавата ништо не е сменето. Депонијата, сламата и тревата од 2 метри сè уште се таму“, напиша тој.Жителот ги повика надлежните од Општина Аеродром и Град Скопје да преземат мерки за расчистување на отпадот и уредување на просторот, со цел да се подобри хигиената и безбедноста во населбата.„Депонијата, џунглата и сламата кога ќе бидат средени?“ – прашува жител на Ново Лисиче
Жител на населбата Ново Лисиче повторно реагира за состојбата со преполните контејнери и натрупаниот отпад во близина на неговото живеалиште, откако, како што тврди, и по неколку дена од првата објава проблемот сè уште не е решен.Пред пет дена тој преку социјалните мрежи упати критика до надлежните институции, посочувајќи дека покрај преполните контејнери се создаваат купови ѓубре.„Поздрав до градоначалниците на Општина Аеродром и Град Скопје. Депонијата, џунглата и сламата кога ќе бидат средени...
Жител на населбата Ново Лисиче повторно реагира за состојбата со преполните контејнери и натрупаниот отпад во близина на неговото живеалиште, откако, како што тврди, и по неколку дена од првата објава проблемот сè уште не е решен.Пред пет дена тој преку социјалните мрежи упати критика до надлежните институции, посочувајќи дека покрај преполните контејнери се создаваат купови ѓубре.„Поздрав до градоначалниците на Општина Аеродром и Град Скопје. Депонијата, џунглата и сламата кога ќе бидат средени? Само што не дошле: глувци, диносаурси и говеда“, напиша жителот во својата објава.Денеска тој повторно се огласи, наведувајќи дека состојбата останала непроменета и покрај неговата претходна реакција.„По неколку дена од објавата ништо не е сменето. Депонијата, сламата и тревата од 2 метри сè уште се таму“, напиша тој.Жителот ги повика надлежните од Општина Аеродром и Град Скопје да преземат мерки за расчистување на отпадот и уредување на просторот, со цел да се подобри хигиената и безбедноста во населбата.