Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Особено топло ќе биде до недела кога дневната температура насекаде ќе бидат над 30 степени.

Текстот Денеска сончево и топло до 38 степени е превземен од А1он.