ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека денеска, 2 ноември, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на делови од две улици во градот.
Прекинот е поради интервенции на водоводната мрежа, односно изведба на нов водоводен приклучок.
Без вода ќе бидат корисниците на улицата „Ленинова“, на потегот од број 25 до Стопанска банка, како и на улицата „Благој Јанков Мучето“, од број 18 до број 34.
Од ЈПКД „Комуналец“ им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и информираат дека за дополнителни информации можат да се обратат на телефонскиот број 13-110.
The post Денеска прекин во водоснабдувањето на делови од две улици во Струмица appeared first on Radio StrumicaNet.